Феба (месечина)
Изглед
![](https://cdn.statically.io/img/upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9b/Phoebe_closeup_cassini_NASA.jpg/220px-Phoebe_closeup_cassini_NASA.jpg)
Феба — неправилна месечина на Сатурн позната и по името Сатурн IX.
Феба била откриена во 1898 година од страна на Вилијам Хенри Пикеринг и до 2000 година се сметало дека е единствената надворешна месечина на Сатурн. Феба има долг орбитален период и се движи по многу закосена орбита - особеност на надворешните месечини. Орбитата на Феба е закосена за 175,3° и затоа се движи наназад (наназад во споредба со повеќето месечини). Половина од надворешните месечини се движат на овој начин. Феба е многу голема надворешна месечина; другите најчесто имаат пречник од само 20 километри. Снимките на „Касини“ покажуваат дека станува збор за тело богато со мраз, обвиткано со тенок слој од темен материјал.
Користена литература[уреди | уреди извор]
- Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Информации за Феба Архивирано на 9 јуни 2007 г. на официјалниот портал за истражување на Сончевиот Систем на НАСА
|