Од Википедија — слободната енциклопедија
Луго (шпански и галисиски: Lugo) — покраина во североисточниот дел на автономната заедница Галисија, северозападна Шпанија. Се граничи со покраините Оуренсе, Понтеведра и А Коруња, кнежевството Астурија, Леон и Кантабриското Море (Бискајскиот Залив) на север. Административен центар е истоимениот град Луго.
Во 2022 г. населението броело 323.989 жители[1] од кои една четвртина живеат во главниот град. Градот потекнува од древно келтско време и наречен е по богот Луг (како што е и градот Лион). Подоцна името му е латинизирано во Лукус Августи и станал еден од трите најважни римски центри во Галисија заедно со Бракара Августа (денешна Брага) и Астурика Августа (денешна Асторга). Покраината има 67 општини.
Највеќето жители го говорат галисискиот јазик како мајчин. Постарите лица знаат само галисиски. Помладите знаат и шпански, но само 10.000 жители ги владеат подеднакво добро.
Ова е населението на покраината низ историјата:
Поважни реки во покраината се Мињо, Сил, Ландро, Оуро и Масмо.
Општини во покраината Луго |
---|
| | |
|