Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.436 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Приказ на Кориолисовата сила
Приказ на Кориолисовата сила

Кориолисова сила — закривиување на предметите во движење кога тие се разгледуваат во вртежен појдовен систем. Во појдовен систем со вртење во насока на стрелките, закривеноста е на лево од движењето на предметот, додека пак вртењето во насоката спротивна на насока на часовникот, закривеноста ќе биде кон десно. Иако препознаена од останатите, математичкиот израз за Кориолисовата сила се појаваува прв пат во научна статија во 1835 година напишана од францускиот научник Гаспар-Гистав Кориолис, како дел од теоријата за воденичарски тркала. Во почетоците на XX век, поимот Кориолисова сила почна да се употребува во поврзаност со метеорологијата.

Њутновите закони за движењето го опишуваат движењето на предметите во (незабрзувачки) инерцијални системи. Кога Њутновите закони се пренесени во истовремен вртежен појдовен систем, се појавуваат Кориолисовата и центрифугалната сила. Двете сили се пропорционални во однос на масата на предметот. Кориолисовата сила пропорционална на стапката на вртење и центрифугалната сила е пропорционална на квадратот на тоа движење. Кориолисовата сила дејствува во насока нормална на оската на вртење и брзината на телото во вртежен систем и è пропорционална на брзината на предметот во вртежен систем. Центрифугалната сила дејствува нанадвор во радијална насока и е пропорционален на растојанието на телото од оската на вртежниот систем. Овие дополнителни сили се наречени инерцијални сили, замислени сили или „псевдосили“. Тие ја дозволуваат Њутновите закони за вртежни системи. Тие се чинителите на исправка кои не постојат при незабрзувачки или инерцијални појдовни системи. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Таванска фреска Триумфот на св. Игнатиј Лојолски, дело на Андреја Поцо. Црква „Св. Игнатиј“, Рим.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Статуа на Ниоба во галеријата „Уфици“, Фиренца
Статуа на Ниоба во галеријата „Уфици“, Фиренца
На денешен ден…

Денес е 20 јули 2024 г.

Настани:

1402  Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство.
1903  Произведен првиот сериски автомобил на „Форд“.
1924  Во Париз е основана Светската шаховска организација.
1944  Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот водач Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени.
1969  Месечевото возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод.
2001  Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова од страна на италијанските Карабињери.

Родени:

356 п.н.е.  Александар III Македонски — крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1304  Франческо Петрарка — лирски поет на италијанската предренесанса.
1519  Инокентиј IXримски папа.
1659  Ијасент Ригофранцуски барокен сликар и портретист.
1785  Махмуд IIотомански султан.
1804  Ричард Овен — англиски биолог и палеонтолог.
1847  Макс Либермангермански постимпресионистички сликар.
1878  Петар Манџуков — македонски револуционер и анархист.
1890  Георги IIкрал на Грција.
1919  Едмунд Хилариновозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции.
1927  Нешо Марковски — македонски новинар.
1938  Роџер Хант — англиски фудбалер.
1947  Карлос Сантана — мексиканско-американски гитарист.
1948  Жан Ренофранцуски глумец.
1948  Сафет Алиу — македонски правник.
1956  Мима Јаушовец — словенечка и југословенска тенисерка и политичарка.
1960  Првослав Вујчиќ — српски поет.
1962  Примож Улага — словенечки и југословенски скокач на скии.
1964  Крис Корнел — американски рок-музичар, член на групата „Саундгарден“ (Soundgarden).
1969  Џош Холовеј — американски глумец.
1973  Клаудио Рејна — американски фудбалер.
1978  Марија Александроваруска балерина.
1978  Павел Датсјук — руски хокеар.
1981  Џејмс Синглтон — американски кошаркар.
1988  Дејан Митрев — македонски фудбалер.
1989  Јури Газински — руски фудбалер.
1991  Надја Петровиќ — македоски уметник.
1996  Бен Симонс — австралиски кошаркар.
1999  Гога Битаѕе — грузис��и кошаркар.

Починале:

1816  Гаврила Романович Державинруски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин.
1903  Лав XIIIримски папа.
1913  Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“) — полски комунист со револуционерни идеи, основач на Болшевичката тајна полиција Че-Ка — подоцна КГБ.
1922  Андреј Марков — руски математичар.
1923  Панчо Вилјамексикански револуционeр — водач на селанската револуција од 1910 година.
1913  Васил Чакаларов — македонски војвода од Костурско.
1937  Гуљелмо Марконииталијански физичар и инженер.
1945  Пол Валерифранцуски поет.
1951  Абдула Iјордански крал.
1973  Брус Ли — филмски глумец и мајстор на боречки вештини од Хонгконг.
1996  Франтишек Планичка — чехословачки фудбалски голман.
2004  Џејмс Вилијамс — американски џез-музичар
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич